19/04/2024
Виц

Виц

Си седат 3 мачори дома и се досадуваат. Кога одеднаш му текнало на најстариот и вели:

– Еј, ај надвор да сексаме нешто!

– А што ви значи тоа „да сексаме нешто“? – прашува најмладиот мачор.

– Ајде со нас па ќе видиш – одговараат другите.

Излегуваат сите надвор. Стојат на улица 2 саати, а времето-февруари, кочан ладно. Стојат и се смрзнуваат. Па најмладиот им вели:

– Јас ќе сексам само уште 5 минути, а после бегам дома пошто можно е да настинам!!!