21/12/2024
Македонија

Владата постапува по пристигнатите иницијативи од ДКСК, разрешен Ристо Чулаковски член на УО на битолскиот студентски дом

Кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги разгледува и постапува по сите пристигнати иницијативи од Државната комисија за спречување на корупција. 

На денешната владина седница по доставена иницијатива од ДКСК, а разгледана и постапено од страна на кабинетот на ЗПВ Љупчо Николовски, Владата донесе одлука за разрешување на службеното лице Ристо Чулаковски ,член на Управниот одбор – преставник на основачот на  Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола. Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси. 

Од формирањето на новата Влада, секоја пристигната иницијатива од ДКСК до Владата, внимателно и детално се разгледува и се постапува по истите. Борбата против корупцијата и криминалот, е меѓу клучните приоритети во владинта рамка „Акција 21 – европски стандарди дома“, поточно втор по ред приоритет за оваа 2021 година, и во целиот процес е најважна соработката со сите надлежните антикорупциски институции, со независните тела, невладиниот сектор, бизнис заедницата. Владата покажува комлетна насоченост и почитување кон сите независни тела во државата, а пред се кон Државната комисија за спречување корупција, како една од клучните институции во откривањето и спречувањето корупција.