23/11/2024
Македонија

Владина делегација предводена од премиерот Заев положи цвеќе по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, на одбележувањето организирано од Град Скопје, денеска Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во придружба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

Во чест на борците кои на 13 ноември 1944 година ја донесоа слободата, членовите на Владината делегација  оддадоа почит и положија цвеќе и на Алејата на заслужните и пред Споменикот на Ослободителите во дворот на Владата.