29/11/2024
Македонија

Водич за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година објавени од Министерството за култура

Министерството за култура на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на културата на Република Северна Македонија. 

И оваа година електронското пријавување целосно се спроведува преку Националниот портал за е-услуги. 
Потсетување дека конкурсот е во тек, а рокот за аплицирање на Годишните конкурси истекува на 6.11.2023 во 12 часот.

За таа цел како потсетник за аплицирањето и олеснување на постапката за електронско пријавување, Министерството за култура подготви водич кој се состои од: презентација и видео-анимација, кои што на граѓаните ќе им ја олеснат постапката со објаснување на чекорите како полесно електронски да се пријават во системот.   

Постапката (чекорите) за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделени области и активности од културата за 2024 година од Министерството за култура се следниве: 

Преку линкот „Најави се“ пристапувате до Системот за единствена најава (СЕН) https://uslugi.gov.mk 
Надградба на кориснички профил – Нивото на електронска идентификација може да го надоградите на шалтер или со сертификат. Доколку профилот ви е на основно ниво, надоградете го ниско ниво за да продолжите на следниот чекор, повеќе на следниот линк https://etu.uslugi.gov.mk/pages/home Проверка дали е надограден корисничкиот профил и откако ќе се најавите потребно е да изберете правно или физичко лице. 

Следен чекор (конкурс по област) е да ја одберете дејноста. Одбирате област за аплицирање со внимание дали е за правно или за физичко лице. 
Внесете ги податоците што се бараат, односно ја пополнувате апликацијата како што ви бара системот. 

Откако ќе ги внесете податоците кликнете на копчето „Поднеси“. Ја проверувате апликацијата што ви ја составил системот и ја поднесувате пријавата. 

Потоа ви се појавува целосната пријава за годишниот конкурс и откако ќе стиснете „Потврди“ ве носи на следниот чекор, прикачување документи.  
За успешно аплицирање откако ќе ги прикачите документите притиснете „Поднеси документи“ за што ќе добиете потврда. 

Помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси се објавени на веб-страницата на Министерството за култура (kultura.gov.mk).

Главните приоритети за секоја дејност или област остануваат исти – квалитет, иновативност, креативност.