29/11/2024
Македонија

Во Куманово приведен бегалец од затвор, вратен е да ја доиздржи казната

Вчера (16.04.2022) во 15.30 часот полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(47)од Скопје, со живеалиште во Струмица.Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 2 години и 6 месеци, а бил осуден на 3 години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.