23/11/2024
Македонија

Заедничка изјава на учесниците на денешниот состанок на Иницијативата Отворен Балкан: Иднината на проширувањето – поглед од регионот

ЕУ и нејзините земји-членки, заедно со партнерите од регионот ја потврдија својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан на Самитот во Брдо на 6-ти октомври.

Западен Балкан ја повтори својата посветеност и посветеноста на регионот на европските вредности и демократски норми, на приматот на демократијата, темелните права и владеењето на правото. Сепак, бојазливиот капацитет на ЕУ да интегрира нови членки, внатрешните дебати меѓу земјите-членки на ЕУ и билатералните односи го попречија вистинскиот напредок на регионот кон ЕУ.

На хартија, политиката на проширување останува активна. Во пракса, сепак, постои растечко разочарување кај граѓаните од регионот од перспективата за ЕУ. Покрај тоа, регионот скапо го плати доцнењето на перспективата за ЕУ.

Северна Македонија е „одличен пример“ за неуспехот на ЕУ да ги исполни своите ветувања.

Нејзината влада направи многу за да ги исполни условите на Брисел, само за да се најде изолирана и оставена да се справува со последиците од одлуките на ЕУ. Ослабената перспектива за европска интеграција се заканува да не остави подезинтегрирани од било кога. Ова чувство е споделено во регионот.

Додека ЕУ развива нови и далекусежни стратегии, регионот очајно се обидува да ги спроведе постоечките. Иако сметаме дека нашиот пат кон ЕУ е исфрлен од колосек, сепак остануваме посветени да ги достигнеме стандардите на ЕУ но и да го премостиме економскиот јаз.

Не можеме да си дозволиме оваа негативна спирала да го загрози самиот темел на иднината и просперитетот на регионот. Унијата оди напред додека регионот е заглавен во сопствените дилеми за ЕУ.

Европската Унија треба и мора да ги истражи сите патишта за напредна интеграција на Западен Балкан во периодот пред пристапувањето, заедно со нејзините заложби за постепено пристапување како што е дефинирано во новата методологија.

Според тоа, би било корисно да се вклучи регионот во развојот на трговските и даночните политики на ЕУ, како што е механизмот за прилагодување на границите на емисии на јаглерод диоксид и привремените заштитни мерки за ограничување на увоз на челик, како некој од примерите.

Исто така, би можеле да ја истражиме можноста Западен Балкан да биде изземен од различни мерки на трговската политика ерга омнес.

Нашите универзитети треба да бидат вклучени во областа на високото образование и истражување на ЕУ, обезбедувајќи на тој начин еднакви шанси за учество во приспособените програми, истражувања и иновации на ЕУ. Во исто време, нашето земјоделство има потреба од средства, и располага со огромен потенцијал да се прошири и да испорача висококвалитетни производи на пазарот на ЕУ.

Ова би можело да спречи негативно влијание врз стабилизацијата и економските перформанси на регионот. Ние веруваме дека е во сопствен интерес на ЕУ да помогне во изградбата и промовирањето на сигурен и просперитетен регион. Понатаму, заедно би можеле да го истражиме учеството во Шенген и прогресивната интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

Денешниот свет брзо се менува. Време е да се дејствува и тоа решително! Не можеме да си дозволиме, ниту ќе ни биде простено за изгубените можности, попустливоста и немањето одлучност за остварување на стратешката визија.

Мораме подобро да се разбереме ако сакаме да постигнеме најдобри резултати. Ако некој мисли дека треба да дејствуваме сега, тоа беше веќе вчера!

За таа цел, денеска ја повторивме нашата одлука за продлабочување на економската соработка во рамките на Иницијативата Отворен Балкан, надградувајќи ја агендата на Берлинскиот процес, фокусирајќи се на брза и приспособена имплементација.

Ги ангажиравме стопанските комори во овој напор и им дадовме задача да подготват детален патоказ за имплементација на Меморандумот за разбирање за олеснување на увозот и извозот во Западен Балкан, потпишан во Скопје на 29 јули.

Денеска го одобривме Патоказот за спроведување на мерките за олеснување на трговијата и побаравме од ЦИФ да го следи процесот на имплементација понатаму. Решивме и да создадеме Меѓуресорски министерски совет кој тесно ќе соработува со Коморите за спроведување на овие мерки.

Западен Балкан е подготвен да се движи со забрзано темпо. Треба да одиме напред. Така треба да се движи и Европската Унија – кон Западен Балкан. Да се биде во празен од не е опција.

Ги покануваме сите други држави во регионот да ни се придружат и да им посакаме добредојде. Отворен Балкан е отворен!