14/11/2024
Македонија

Започна исплатата на продолжените ученички стипендии во учебната 2024-2025 година

Министерството за образование и наука известува дека од денес започна етапна исплата на ученички стипендии на сите корисници кои правото го стекнале во некоја од изминатите учебни години, а го продолжиле во тековната.

До крајот на следната недела, сите постојни корисници на ученички стипендии ќе добијат средства за три месеци – септември, октомври и ноември.

Станува збор за 6.350 средношколци стипендисти на кои ќе им се исплатат вкупно 66 милиони денари.