02/12/2024
Македонија

Кирацовски: Оддаваме почит на херојското минато и го продолжуваме патот зацртан со Илинденското востание и АСНОМ

Почитувани граѓани,

Денеска, на овој голем ден од македонската историја оддаваме почит на нашето славно, херојско минато. Денеска, оддаваме почит на нашите претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, кои ги поведоа граѓаните кон слобода, независнот и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена Република Македонија.

Идеалите за слободна, демократска и заедничка Македонија живеат и денес.

Како одговорна и државотворна партија, заедно со вас граѓаните, го продолжуваме патот зацртан со Илинденското востание и заседанието на АСНОМ.

Заедно со вас продолжуваме да ја градиме Македонија како слободна, демократска земја – пријател на регионот и светот.

Горди на минатото, со одлучност тргнуваме кон иднината – Македонија да биде почитувана држава, полноправна членка на ЕУ и НАТО, онаму кадешто вредносно и цивилизациски припаѓа.
Нека ни е честит и вековит втори август – Денот на Републиката!