30/11/2024
Македонија

Конкурс за избор на наставници за вршење на воспитно-образовна работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство

Врз основа на член 12 став 1 и 2 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/2019, 229/20) и член 1,  3 и 4 од Правилникот за начин и постапка за избор на наставници за основно образование за вршење на воспитно – образовна работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство бр. 12-8133/1 од 28.08.2020 година и бр.12-2805/1 од 15.02.2021 година и 12-1757/1 од 31.01.2024 година, Министерството за образование и наука објавува

 Конкурс

за избор на наставници за вршење на воспитно-образовна работа за децата  на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство

1. Се објавува Конкурс за вршење на воспитно-образовна работа за децата  на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство за следните држави:                                  

Република Германија

– Еден (1) наставник во Берлин, Лихтенферде и околината (македонски наставен јазик),

– Еден (1) наставник во Франкфурт на Мајна и Мајнц и околината (македонски наставен јазик)

Швајцарска Конфедерација

– Еден (1) наставник во Локарно, Варези, Салеџи, Муралто, Солдуно, Минузио (македонски наставен јазик),

– Еден (1) наставник во Баар, Сурзе и околината (македонски наставен јазик)

1.1. Наставата ќе се изведува на следниот јазик:

– Република Германија – два (2) наставника на македонски наставен јазик и

– Швајцарската Конфедерација – два (2) наставника на македоснки наставен јазик.

 2. Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следниве услови

– Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог, наставник по македонски јазик (VII/1 степен, односно VI A според Македонската рамка на квалификации  или со 240 ЕКТС);

– Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;

– Да го познава јазикот на државата за која конкурира, односно за работните места во Република Германија потребно е познавање на германскиот јазик, додека за работните места во Швајцарската Конфедерација познавање на италијанскиот јазик;

– Да е државјанин на Република Северна Македонија;

– Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири години.

Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството за образование и наука.

Избраниот наставник, во рок од 8 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.

3. Потребни документи:

– Молба;

– Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот, копија заверена на нотар;

– Кратка биографија;

– Потврда за работен стаж во основно училиште;

– Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат, копија заверена на нотар;

– Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност,

– Државнјанство на Република Северна Македонија. 

4. Дневно работно време на наставникот:

– 8 часа во зависност од организацијата на воспитно- образовната работа на наставникот, 

4.1. Неделно работно време на наставникот:

– најмалку 5 (пет) дена во неделата.

4.2. Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:

· Република Германија – 1.740 ЕУР,

· Швајцарската Конфедерација – 2.600 ЦХФ

Документите се поднесуваат во рок од 8 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул.„Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство“.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

5. Изборот на кандидатите го врши Комисијата формирана со решение на Министерот за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на Конкурсот.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да бидат разгледувани.