27/11/2024
Македонија

Кривична пријава за предизвикување на шумски пожар против двајца албански државјани

На 14.08.2021 СВР Охрид – Одделението за внатрешни работи Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик.

Пријавените се сомничат дека предизвикале шумски пожар за кој било пријавено дека настанал на 13.08.2021 на подрачјето на дебарско.