23/11/2024
Македонија

Макрадули: Борбата против вирусот и заштитата на планетата, мора да биде заедничка

Денес, Денот на планетата Земја не смее да биде во сенка на КОВИД-19. Впрочем, борбата против вирусот и заштитата на планетата, мора да биде заедничка. Пандемијата многу погласно се придружи на сите млади активисти, љубители на природата и посветени научници и скромни институции, во подигнување на свеста за неопходноста од решителна акција за зачувување на планетата како од вирусот, така и од последиците од климатските промени.

Затоа, пост-КОВИД стратегијата мора да има 3 компоненти:

  1. Јакнење на јавното здравје со зајакнување на јавното здравство;
  2. Опоравување на економијата која мора да биде циркуларна во својата суштина и
  3. Приоретизирање на еколошките предизвици.

Енергетската транзиција не смее да биде жртва на ниските цени на фосилните горива. Патот кон зголемено користење на обновливи извори и масовна примена на енергетската ефикасност, не смее да запре.

Европа потврди дека новиот зелен договор мора да остане центар на опоравување на нивните економии, затоа и кај нас мора посткризната економија да има и социјална компонента и да се опоравува без дополнителни штети врз животната средина.

Мерките против коронавирусот нѐ научија, верувам сите, дека еднаш неделно можат сите на работа и без автомобили, друг ден да работат од дома и сл.

Податоците од светот покажуваат дека населението во местата со зголемени емисии на ПМ2.5 честитки, се поранливи од вирусот.

Затоа, Планот за чист воздух кој предвидува:

  • јавните и државните институции да не загадуваат и
  • субвенционирањето на домаќинствата за еколошки начини на затоплување,

мора да се реализира во пократок временски период.

Годинава, Денот на планетата мајка, коинцидира и си супер годината на биодиверзитет, како најдобар индикатор за здравјето на планетата.

Само доколку борбата против климатски промени и загубите на биодиверзитетот ги претвориме во одржливи модели, можеме да зборуваме за зачувување на здравјето на планетата Земја.