23/11/2024
Македонија

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Денеска заменик претседателот на Влада задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржаа затворен брифинг со новинарите на кој одговаа на прашања поврзани со францускиот предлог, македонскиот јазик, историската комисија, како после Самитот и други прашања поврзани со одблокирање на евроинтеграцискиот процес, по што следуваа изјави.

„Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе нивоа, да разговара отворено, искрено со Бугарија за да ги исполниме нашите надворешно политички цели. Нашата цел е пристапување во членство во ЕУ но секако во исто време заштита на нашите интереси во смисла на јазик, идентитет и започнување на преговори како процес кој ќе биде одржлив и партнер кој ќе можеме да го имплементираме на тој начин што ќе доведе до членство”, одговори вицепремиерот Маричиќ на новинарско прашање.

Маричиќ смета дека во задачата којашто му е дадена од Владата e важно да се грижи за овие интереси и да работи за тоа и дека не можат ниту да се откажат од нашиот пат кон ЕУ затоа што тоа е утврдено уште при нашата независност, но исто така не можат да се откажат од некои позиции кои се важни за секоја држава.

„Заштитата на јазикот и идентитетот, за секоја држава е важно достоинствено да чекори кон патот на ЕУ, секако имајќи ги предвид добрососедските односи како битен критериум којшто ни е ставен во рамката, односно во критериумите за пристапување”, рече Маричиќ.

На прашањето во однос на цензурата, која се споменува во францускиот предлог, вицепремиерот истакна дека ние имаме законодавство кое приближно е усогласено со ЕУ, и за говор на омраза и за сè што важи за ограничување на слободата на говор.

„Било што да се спроведува, би се спроведувало во рамките на нашето законодавство и преку нашите институции. Ниту министерствата се надлежни за тоа ниту пак може да го гонат. Целта на отворање на темата за говор на омраза е системски да се воспостават механизми за борба со говорот на омраза кон сите па вклучувајќи ги и Бугарите”, истакна Маричиќ.

Маричиќ уште еднаш потврди дека во моментот кога ќе имаат каков било официјален предлог, тој секако ќе биде доставен на разгледување и во Владата и кај коалициските партнери во Владата и се разбира во некоја форма ќе биде консултирано и Собранието и комисијата за надворешни работи во секој случај.

https://youtu.be/BREuE0UIavo