27/11/2024
Охрид

Мицкоски: Во Охрид интензивно се инвестира, ЈП „Нискоградба“ е одблокирано, а допрва не очекува една голема инвестициска градежна офанзива

Голема благодарност на интересот до медиумите и јавноста овде во Охрид, денеска на покана на градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Донев сум во Охрид. 

Започнуваме како што кажа и градоначалникот со овој посебен настан за жителите на ова населено место, бидејќи со децении се ветувало нешто кое што не било направено, но еве сега благодарение на Кирил Пецаков, благодарение на оваа општинска администрација, мнозинството во Советот, овој проект започнува да се реализира. Финансиските и технички параметри ги слушнавте од градоначалникот, сепак се направија вонсериски напори би рекол чудо, Општината Охрид да се одблокира и да може самата да после две и половина години инвестира во ваков тип на проекти. Вредноста е како што слушнавте е околу 30-тина милиони денари, од кои што 22 милиони денари Општина Охрид ги обезбедува од сопствени средства, што е многу значајно. Исто така слушнавме дека уште едно јавно претпријатие „Нискоградба“ се облокира и ќе може и тоа слободно да работи, да инвестира.

Нема како, а да не го искажам своето задоволство бидејќи ова се навистина чекори и политики кои што водат во развој, враќање на доверба кај граѓаните и враќање на доверба кон институциите. 

Ние како ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваме за претстојните двојни избори, тука пред се мислам на претседателските и парламентарните. За помалку од 50 дена од денеска започнува предизборната трка за првиот круг на претседателски избори, очекуваме врз основа на тоа кое што можеме да го забележиме од Охрид и охриѓани е добар резултат овде во Охрид. Очекуваме огромна победа. Би било нескромно ако кажам можеби и двојна победа во однос на конкурентот кој што доаѓа од СДСМ. Исто така како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме како партија и како коалиција на парламентарните избори добар резултат и огромна победа. И веднаш после победата на парламентарните избори најдоцна до средината на јуни месец формирање на Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. По тоа ни е во план средината на јули месец ребаланс на Буџетот и веќе од есента да бидат распишани тендерите за проектите кои што централната Влада ќе ги финансира овде во општина Охрид, а за кои што многупати сме зборувале во изминатите мои посети. 

Јас знам дека општина Охрид има подготвено такви проекти и цениме дека не очекува една голема инвестициска градежна офанзива. 

Така што еве сосема на крај да резимирам, уште еднаш благодарност до моите домаќини денеска, до градоначалникот, претседателот на општинскиот Комитет, до охриѓани, до луѓето кои што се со нас овдека и посакувам уште многу проекти да бидат реализирани во периодот кој што следи.