Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања во следните 4 години
Добар ден и од мене. Поздрав до почитуваните претставници на медиумите.
За мене претставува навистина задоволство кога можам да го поминам денот во една ваква производна единица како што е компанијата „Костал Македонија“.
Она коешто го видов внатре прво ме инспирира како универзитетски професор, како човек којшто предава предмети од полето на мехатрониката, навистина импресивно. Би рекол заедно со најсовремените и најмодерните светски текови се произведува овде кај нас во Охрид. Повеќе од 1150-тина вработени го произведуваат тоа. Директорот тоа го кажа каде сè се вградува сето тоа како модули во кои возила, во кои марки на возила, брендови, зборуваме за светските топ бренд возила, Мерцедес, Фолксваген итн. Нешто што е навистина импресивно.
Импресивни се и плановите за во иднина. Импресивни се и новите инвестиции од 50-тина милиони евра во следниве 4 години, но и планот за извоз поголем од половина милијарда.
Кога на сето ова ќе се додадат и други можни инвестиции во Македонија од страна на „Костал“ тоа значи дека ние како Влада треба да имаме, но и мислам дека имаме, посебен пристап кон однесувањето на инвеститорите без разлика дали се тоа странски или домашни, но ваков тип на инвестиции треба да ги поддржуваме и да ги охрабруваме што повеќе да инвестираат и да ги задржиме тука кај нас. Затоа што многу лесно ако ние се однесуваме неодговорно како што изминатите години бевме сведоци се однесуваа претходните Влади, тогаш многу лесно можеме и да ги изгубиме.
Јас како претседател на Владата апсолутно многу пати во минатото сум го кажал, ќе го кажам и ќе го повторам тоа и сега дека сè што можеме како Влада да бидеме пријатели на бизнисот на економијата, го правиме и ќе продолжиме тоа да го правиме, бидејќи денешниот современ патриотизам е токму тоа. Инвестирање, обезбедување на добро платени работни места и извоз. Само така можеме да бидеме во радарот и на мапата на светските случувања. Сè останато е импровизација.
Можеби скромно од претставниците на „Костал“ не беше кажано но јас ќе си дозволам, ако ми дозволат да кажам, дека тие помагаат како компанија и во делот на општествената одговорност и во средното образование, преку дуалното образование, дополнителната обука за наставниот кадар на учениците, но исто така и во високото образование. Така што мислам дека тоа претставува една одлична синергија помеѓу општеството, општината, политиката, Владата и компанијата „Костал“.
Јас сум убеден дека исклучително квалитетната соработка, благодарение на градоначалникот, којшто компанијата ја има и овде со Општина Охрид, ќе продолжи и во иднина. Ја поздравувам и работата на градоначалникот. Така што мислам дека има една исклучително голема и убава квалитетна енергија да оваа успешна приказна продолжи и понатаму да биде уште поуспешна.