Мицкоски од Охрид: Проектите значат поквалитетен живот и посреќни граѓани, Пецаков исполнува и повеќе од ветеното
Почитувани,
Еве денеска сме овде во Охрид заедно со градоначалникот, со пратеничките, со претседателот на Советот, со претседателот на Општинскиот комитет. Правиме увид на тоа што се работи, тоа што беше ветено во кампањата за локалните избори.
Навистина сум задоволен што можам да заклучам дека тоа што е ветено и повеќе е направено во оваа прва година од мандатот на Пецаков.
И се надевам т.е. да бидам попрецизен сигурен сум дека предвреме целокупната програма ќе биде испорачана и реализирана од тоа што беше ветувано на последните локални избори овдека во Охрид.
Нормално е кога се реализираат проекти човек да е задоволен од тоа што го гледа. Затоа што проектите значат поквалитетен живот и посреќни граѓани. Такви граѓани денеска можевме да видиме на сите места, каде што посетивме и каде што направивме увид во овие градежни активности.
Градоначалникот ги кажа проектите. Јас навистина сум задоволен и продолжуваме како што кажав на почетокот со несмален интензитет и со исто темпо, уште посилно темпо.
И после победата на предвремените парламентарни избори, формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште поитензивно да ги реализираме сите проекти кои што сме ги ветиле и оние дополнително кои што не сме ги ветиле во програмата ќе бидат опфатени во кампањата за предвремените парламентарни избори.
Така што нека е со среќа и само така да продолжи администрацијата овдека во Охрид со реализација на ветеното.