26/11/2024
Македонија

МТСП: Препораките важат за сите подеднакво, апелираме до сите работодавачи да ги почитуваат

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Укажуваме дека согласно заклучоците, физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст (или активно 4 одделение), хронично болни согласно препораките на Комисијата за заразни болести и бремени жени, да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препораките, само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје.