29/11/2024
Македонија

Нуркачките тимови на САЕ Тигар и ЕСН Волци го пронајдоа и извлекоа телото на удавеното лице од езерото Глажња

Денеска (03.08.2023) во 15.00 часот, по неколкудневно пребарување во водите на браната ви Липково, нуркачкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, на кој им се придружи нуркачки тим од Армијата на Република Северна Македонија – ЕСН Волци, го пронајдоа и го извлекоа од водите на езерото Глажња телото на удавениот Ф.Р.(30) од с.Никуштак, за кого на 30.07.2023 во 14.00 часот беше пријавено дека влегол во водите на браната и не излегол. Увид се врши од страна на јавен обвинител и увидна екипа.