Полициски службеници пронашле дрога кај охриѓанец на патот Подмолје-Струга
На 24.01.2023 околу 18.00 часот на магистралниот пат Подмолје-Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода З.К.(45) од Охрид, затоа што при преглед кај него и во патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана.
Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор и со сопатникот во возилото С.К.(53) од Охрид. По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.