29/11/2024
Македонија

Претрес во Кичево, пронајдени револвери и муниција, приведено едно лице

На 12.12.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ј.Н.(27) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле два револвери „Екол Випер“, 19 куршуми, 21 сачми од ловечки патрони и 14 испукани ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.