30/11/2024
Македонија

Претрес во липковско Лојане, пронајдени пушка и куршуми без документација

Денеска (18.11.2023) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(53) од село Лојане, липковско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една ловечка пушка и 50 куршуми без соодветна дозвола и потребна документација. Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.