30/11/2024
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова на „Галичка свадба 2024“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата.

Претседателката изрази задоволство од континуитетот со кој доследно се промовираат вековните македонски традиции, култура и уметност. Галичката свадба како значен туристички настан придонесува за заживување на галичкиот крај и неговата популаризација, привлекувајќи бројни домашни и странски посетители.

 

Честитајќи им го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, претседателката Сиљановска Давкова им подари „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, со желби за љубов, среќа и бериќет во нивниот иден заеднички живот.

„Многу сум среќна што младите го препознаваат значењето на она што е исконско и што е дел од нас и продолжуваат да ја негуваат таа традиција“, истакна претседателката Сиљановска Давкова посакувајќи вечно да опстои овој убав обичај.

„Галичка свадба“ официјално почна вчера со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање“ пушкa од куќата на зетот. Денеска беа одбележани традиционалните свадбени обичаи, а младенците се венчаа во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.