31/10/2024
Македонија

Приведени наш и странски државјанин поради криумчарење на стоки

Денеска (25.04.2023) околу 07.00 часот на место викано „Дупки“ во близина на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ц.Р.(47) од Република Косово и Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.

При контрола во товарно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од Ц.Р., каде сопатник бил Ј.П., биле пронајдени повеќе производи без соодветна документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.