23/11/2024
Македонија

Приведен насилник за издржување казна затвор, баран со централна потерница

Денеска (04.07.2023) во Скопје од полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен од слобода е Е.О.(66) од Скопје.

За него била распишана централна потерница, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување казна затвор, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.