01/12/2024
Македонија

Припадници на САЕ „Тигар“ го пронајдоа и извлекоа телото на давеникот од водите на Дојранското Езеро

На 13.08.2023 во СВР Струмица е пријавено дека околу 11.30 часот во Дојран, едно лице од педалинка влегло во водите на Дојранското Езеро, но набрзо потонало.

Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.

Припадници на нуркачки тим од САЕ „Тигар“ при МВР пристигна на местото на несреќата и по преземени активности од нивна страна телото во 19.12 часот е пронајдено и извлечено од водите на езерото. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.