Произведена 100% струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи
АД ЕСМ на 22.10.2022 година произведе 12.040 MWh електрична енергија.
Во Термоелектраните произведени се 9.105 MWh. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј. Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја.
Во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци на 22.10.2022 година произведени се 2.935 MWh.
АД ЕСМ на 22.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.