30/11/2024
Охрид

Работна средба на раководството на СВР Охрид со претставници на угостителските објекти во Охрид

Денеска (07.12.2022) во периодот од 10.30 до 11.30 часот во СВР Охрид беше одржана работна средба на началникот на СВР Охрид, началникот на Одделението за полиција при СВР Охрид, началник на Отсек за превенција при СВР Охрид и командир на Полициската станица Охрид со претставници – одговорни лица на угостителски објекти на подрачјето на Охрид. Цел на оваа средба е одржување на добрата безбедносна состојба за време на претстојните Новогодишни и Божиќни празници.

На работната средба на одговорните лица во угостителските објекти им беше укажано на нивната обврска за обезбедување на редарски служби, почитување на работното време, почитување на законските ограничувања за присуство на малолетни лица во угостителските објекти, како и навремено пријавување на нарушен јавен ред и мир, односно доследно почитување на законите.