25/11/2024
Охрид

„Слави со срце, не со оружје“- превентивни активности на СВР Охрид

Денеска (30.08.) во Охрид, полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид реализираа превентивни активности во рамки на кампањата што МВР во соработка со УНДП ја спроведува на целата територија на државата, насловена како –“Слави со срце, не со оружје“, а како дел оперативниот план на Министерството за внатрешни работи – “Безбедно лето 2022“. Притоа, во периодот од 10,30 до 12,30 часот во охридската населба Далјан-Воска полициските службеници имаа средба со граѓаните и во непосредната комуникација презентираа низа информативни и едукативни факти поврзани со незаконската употреба на оружје за време на веселби и прослави.

Граѓаните беа информирани околу законските одредби од областа на прекршоците и кривичните дела поврзани со санкционирање на употребата на оружјето при веселби и други прослави, од аспект на опасностите што ги носат таквите форми на прославување, пред се по здравјето и животот на граѓаните.

Исто така од страна на полициските службеници беа делени и едукативно –информативни печатени материјали, а се со цел подигање на нивото на совесно и одговорно однесување при прослави и веселби, без употреба на оружје.