22/11/2024
Македонија

Собранието на Северна Македонија ја избра преодната Влада што ќе ја предводи Оливер Спасовски

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја избра новата, техничка Влада која во наредниот период треба да организира фер, демократски и кредибилни избори.

Новата, преодна Влада на Република Северна Македонија е во состав: 
 

Оливер Спасовски – Претседател на преодната Влада на Република Северна Македонија,

Радмила Шекеринска – министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана;

Бујар Османи – министер без ресор во Владата;

Мила Царовска –министерка без ресор во Владата;

Никола Димитров – министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи;

Наќе Чулев – министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи;

Садула Дураки – министер кој ќе раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;

Нина Ангеловска – министерка која ќе раководи со Министерството за финансии; 

Венко Филипче – министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;

Рената Дескоска – министерка која ќе раководи со Министерството за правда;

Горан Сугарески – министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски

Крешник Бектеши – министер кој ќе раководи со Министерството за економија;

Трајан Димковски – министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Дамјан Манчевски – министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

Рашела Мизрахи – министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика;

Арбер Адеми – министер кој ќе раководи со Министерството за образование и наука;

Горан Милевски – министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа;

Хусни Исмаили – министер кој ќе раководи со Министерството за култура, 

Насер Нуредини – министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање;

Роберт Поповски – министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност; 

Едмонд Адеми – министер без ресор задолжен за дијаспора;

Музафер Бајрам – министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите;

Зорица Апостолска – министерка без ресор задолжена за странски инвестиции;

Бардул Даути – министер без ресор задолжен за странски инвестиции;

Елвин Хасан – министер без ресор задолжен за странски инвестиции; и 

Хисен Џемаили – министер без ресор задолжен за странски инвестиции

На изборот на новата, преодна Влада на РСМ, му претходеше експозето на мандатарот и кандидат за претседател на Владата Оливер Спасовски, кој истакна дека организирањето на фер и демократски избори е врвен приоритет на преодната Влада, и дека тој, како претседател, министрите, замениците министри и дополнителните заменици министри ќе ги преземат сите потребни мерки за да бидат обезбедени услови за спроведување на успешни предвремени парламентарни избори. Тој потенцираше дека надлежните институции ќе ја добијат целокупната поддршка и помош за организација и спроведување на изборите.