23/11/2024
Македонија

Состојба на патиштата по врнежите од снег [09.01.2018]

Скопски регион

  • Патниот правец кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино (опш.Чучер Сандево) не е прооден, а истите села немаат и електрична енергија.

Битолски регион

  • Заради новите врнежи од снег сообрајќајот се одвива отежнато, во зимски услови. Воведена е забрана за тешки товрни возила на патниот правец Битола – Ресен (планински превој „Ѓавато“).

Охридски регион

  • Во општина Македонски Брод и Пласница локалните патни правци кон селата Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица се проодни за теренски возила со зимска опрема.
  • Во општина Струга, патниот правец што ги поврзува селата во Малесија осносно патниот правец од с.Присовјани до хидрецентралата Глобочица е непрооден.           

Кумановски регион

  • Во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Р.Србија – Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во козјачијата се тешко проодни.
  • Во општина Липково, тешко проодни се патните правци кои гравитираат кон повисоките села Гошинце, Лукаре и Малино.
  • Во општина Крива Паланка, магистрален пат Ранковце – Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир е прооден во зимски услови.
  • Регионален пат Крива Планка – с.Огит и Крива Паланка – с.Луке, во општина Крива Паланка, се проодни во зимски услови.
  • Регионален пат Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште додека од с.Пклиште до с.Герман е непрооден.
  • Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с.Дренак е непрооден Отсечено е с.Дренак во општина Крива Паланка.

Тетовски регион

  • Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка со напомена дека за Попова Шапка има и забрана за движење за автобуси, а за другите пмв потребно е да се стави зимска опрема – ланци.
  • Во под шарпланинските села Вејце, Бозовце, Бродец и Вешала движењето е отежнато во зимски услови со употреба на зимска опрема.              
  • Во ЕЛС Теарце локалните патни правци се проодни освен патот за селата Варвара и Брезно.              
  • Во ЕЛС Брвеница отежнато е движењето за с.Гургурница.
  • Во ЕЛС Боговине се очекува да биде пробиен патот до повисоките планински села – Раковец, Ново Село, Урвич и Јеловјане.