27/11/2024
Македонија

Стави појас!- Сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот

“Со користењето на сигурносните појаси во возилата, се оневозможува удирање на возачот, односно патникот, со лицето во ветробранското стакло или удар со колената во каросеријата. Човечкото тело и под дејство на инерција останува во седечка положба. Сигурносните појаси значително придонесуваат за намалување на бројот на смртни случаи при сообраќајни незгоди. Статистиката покажува дека во таков случај бројот на смртни случаи се намалува за 60%“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.„Веднаш кога ќе влезете во возилото ставете појас. Неприфатлив е било каков изговор. Со тоа секој придонесува за својата безбедност. Појасот штити од потешки последици доколку се случи сообраќајна несреќа. Им благодарам на сите граѓани кои со своето одговорно однесување и почитување на сообраќајните правила и прописи придонесуваат за побезбеден сообраќај. Исто така им благодарам на Факултетот за безбедност, училишта, други институции кои ни се придружија во активностите за подигање на свеста и зголемување на сообраќајната култура”, рече помошник министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски.

На граѓаните на Битола им беше поделен и едукативен материјал со цел укажување на придобивките од користењето на сигурносни појаси и намалување на ризиците во сообраќајот на патиштата.