23/12/2024
Македонија

Трипуновски: Со денешното пошумување беше опфатена поголема површина, Македонија заслужува зелени површини

„Денеска заедно со премиерот Мицкоски, дел од пратениците, директорот на „Национални шуми“ сме во Нов Истевник во близина на Делчево, каде што се вклучивме во акцијата за пошумување. Оваа активност всушност е во рамки на Програмата за проширена репродукција на шумите. Во Делчево се пошумуваат последните 51 хектар, а целата Програма опфаќа пошумување на 214 хектари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Изминатиот период „Национални шуми“ извршија пошумување со останати компании кои што имаат општествена одговорност над 400 хектари површина. Засадени се повеќе од 850.000 садници“, појасни министерот Трипуновски.

Според него зачувувањето на шумите е од огромно значење, нивната обнова не е само едно едноставно садење на дрва. Преку програмите за проширена и проста репродукција на шумите можеме да придонесеме за намалување на влијанието на климатските промени.

Тој посочи дека наредната година во делот на проширената и проста репродукција се зголемуваат средствата наменети за оваа активност се со цел да се опфати што е можно поголема површина за пошумување која што беше од зафатена од пожарите.