Честитка од претседателот Пендаровски до христијанските верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
Почитувани,
Дозволете ми, на сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар да го честитам големиот христијански празник – Божик.
Посакувам денот на Христовото раѓање да ни донесе среќа, здравје, радост и да ја засили нашата верба и надеж во подобро утре. Токму во деновите на празникот кој се минува со најблиските и кога нашите домови и срца се исполнети со светлина и топлина, да шириме љубов и хармонија во нашите семејства, но и да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа.
Христос се роди. Нека ни е честит Божик!
Стево Пендаровски
Претседател на Република Северна Македонија