30/11/2024
Македонија

Јавна расправа по Нацрт на Одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје, организира јавна расправа по Нацрт на Одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел.

Јавна расправа ќе се одржи на 3 февруари 2021г. (среда), во 11:00 часот на ZOOM платформата(https://bit.ly/3cyRg0Q). 

Нацрт-Одлуката е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи воРепублика Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Коментари/мислења/сугестии може да доставите најдоцна 10 дена од одржувањето на јавна расправа, најкасно до 13 февруари 2021 година на: infoeko@moepp.gov.mk.