Акциска контрола на угостителски објекти во Скопје и Струмица, затекнати малолетници, неиздавање фискални сметки…
Полициски службеници од СВР Скопје, од Одделот за криминалистичка полиција и од Одделот за специјални полициски операции, во координација со тимови од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, по претходно изготвен план, вчеравечер (04/05.06) извршија контроли на работењето на повеќе скопски угостителски објекти. При тоа, беа легитимирани 36 лица, од кои едно лице е приведено заради утврдување на идентитет, потоа беа проверени десетина возила при што едно возило е одземено за понатамошна постапка. Од страна на УЈП и ДПИ се изречени казни по однос на неиздавање фискални сметки како и мандатна казна по однос на непочитување на Законот за пушење.
Истовремено ваква активност беше реализирана и на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица каде што се детектирани повеќе неправилности во работењето. Така, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност, и по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции. Од страна на полициските службеници беа извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица.