23/11/2024
Македонија

Аплицирајте за директни плаќања за женски приплодни грла-маторици

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за женски приплодни грла- маторици.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум пет грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за подмерката 2.14 за директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои одгледале, продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2022 година до јануари 2023 година во регистриран кланичен капацитет, запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари по грло.  

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.