26/11/2024
Македонија

Бочварски: Преку 10 илјади жители на Сарај добиваат квалитетна вода за пиење

„На над 10 илјади жители во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци со проектот за водоснабдување што го реализираме преки министерството добиваат квалитетна вода за пиење. Со тоа го решаваме деценискиот проблем за овие жители“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на изградба на водоснабдителениот систем во населеното место Рашче.

Проектот за подобрување на водоснабдувањето опфаќа изградба на резервоар, изградба на пумпна станица и изградба на цевковод. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 40 милиони денари. 

„Покрај овој проект кој е од исклучително значење за жителите на овие населени места, започнуваме и со изградба на фекална канализациона мрежа во населено место Ласкарце, инвестиција вредна 27 милиони денари.  Покажуваме дека подеднакво вложуваме во сите општини низ земјата, помагаме на сите граѓани, секое семејство ни е важно. Приоритет ставаме на подобрување на условите за живеење”, изјави министерот Бочварски.

„Особено ми е драго што денеска сме присутни овде заедно со министерот, со градоначалникот и општинската администрација за да дадеме поддршка за овој исклучително значаен проект за жителите од наслените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци. Ова беше наше ветување пред нив и наша обврска која еве денеска ја реализираме”, изјави заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.

Поддршката од  централната власт е од огромно значење со што даваме приоритет во решавање на водоснабдувањето во Сарај, истакна градоначалникот Блерим Беџети.  

„Во фаза на издавање сме и на одобрението за градење и на другиот дел од резерворот за вода во населеното место Копаница како и цевководот со што заеднички со Владата го завршуваме овој значаен проект со кој конечно го ревшаваме проблемот со вода за овие населени места”, изјави  градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.