Бочварски: Се грижиме за најранливите категории на граѓани!
„Со градење на вакви објекти покажуваме посветеност и желба да го решиме прашањето на живеалиште на многу семејства во нашата земја.“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешниот увид на социјалната зграда во Пробиштип.
Заедно со директорот на АД за стопанисување со јавен и деловен простор, Трајковски и со градоначалникот на Пробиштип, Анастасов, ја посетија социјалната зграда која е изградена во рекордно брз рок и претставува станбено решение за многу социјално ранливи семејства во Пробиштип.
„Социјалните станови се завршени, зградата е спремна да ги дочека своите нови станари. Вкупно има 48 станови, а вредноста на целиот објект е 68,8 милиони денари.
Како Влада сме решително посветени во решавање на проблемите на нашите граѓани и олеснување на нивното функционирање во општеството.“ – изјави министерот Бочварски.
Директорот на АД за стопанисување со јавен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје во својата изјавата истакна дека распределбата на становите ќе следи по изборите и дека тие како институција остануваат посветени на социјалната политика заедно со министерот Бочварски и сите градоначалници кои се вклучени во овој процес на чија територија се градат овие станбени единици.
„Општина Пробиштип покажа дека се грижи за сите категории на граѓани, така ќе продолжиме и во иднина. Благодарност до министерот за транспорт и врски и директорот на Агенцијата за станбен и деловен простор за поддршката и соработката во изминатиот период.“ – изјави градоначалникот на Пробиштип.