23/11/2024
Македонија

Владина делегација положи свежо цвеќе по повод 18 август-Денот на Армијата на Република Северна Македонија

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, а придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски.

На одбележувањето на 79-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ по која 18 август е прогласен за Ден на Армијата, одбележуваме и 30 години постоење на Армијата на Република Северна Македонија, се сеќаваме на вековната борба на македонските борци за слобода кои со својата несебична жртва, оставија силен печат вграден во темелите на македонската држава.

Армијата на Република Северна Македонија на највисоко ниво покажува зрелост, професионалност и посветеност, што се очекува од припадниците на современите вооружени сили и заедно со останатите сојузнички војници на земјите-членки на НАТО, дејствува согласно стандардите на Алијансата, учествува во меѓународни мировни мисии, давајќи свој придонес во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност.