25/11/2024
Македонија

Владина делегација предводена од премиерот Заев положи цвеќе по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа, патрони на првиот државен универзитет во Скопје.

Владината делегација ја сочинуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска и Ирена Стефоска, министерка за култура.

Со полагањето цвеќе во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, се одбележува просветителската мисија и извонредната улога, која браќата Кирил и Методиј ја имаат во историјата и културата на Европа, светот и Северна Македонија, а изразена преку нивната мисија меѓу словенските народи во деветтиот век.

Низ тој процес била создадена и првата азбука – глаголицата, од која подоцна ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.