ВМРО-ДПМНЕ: Oпштина Охрид преку исплаќањето на штети за земјотресите, за ист објект доделила поголема сума на пари на повеќе лица од семејство на човек близок до СДСМ
Почитувани,
Градоначалниците на СДСМ се однесуваат со општините како да се нивни лични фирми.
По низата скандали на градоначалниците на СДСМ како примерите кои што можеше да биде запознаена јавноста со Боро Малборо, демирхисарскиот градоначалник кои што ги преслушуваше вработените и останатите, сега откриваме огромен скандал во општина Охрид.
ВД градоначалникот Константин Георгиевски ќе треба да прекине малку со политичката кампања која ја води во пресрет на локалните избори кои што следат и ќе треба да одговори на неколку прашања и сериозни индиции на криминал преку кој се делат општинските пари на нивни блиски луѓе на СДСМ во општината.
Дојдовме до сериозни информации, односно индиции и сомнеж за криминал, дека Oпштина Охрид преку исплаќањето на штети за земјотресите кои што се случија во низа, Комисијата од општината доделила поголема сума на пари од штетата која што се случила, за еден ист објект, на повеќе лица од едно семејство кои живеат на истата адреса во истиот објект. Се работи за близок човек до СДСМ и до актуелното раководство во општината.
За истиот овој случај, нашите информации велат дека се води и дисциплинска постапка во тајност поради уцени, за Претседателот и членовите на Комисијата за утврдување на штетите.
СДСМ веднаш треба да одговорат за колкава сума на пари се работи, на кои луѓе се поделени парите и да приложи слики од штетата на објектот?
Дали и за кои членови се води дисциплинска постапка и во какви корелации се со актуелното раководство на СДСМ во Охрид и во општината?
Ова е сериозна индиција за криминал и бараме надлежните институции да спроведат соодветна истрага и веднаш да се сноси одговорност.
Граѓаните треба да знаат кој колку пари земал за оштета. Граѓаните на Охрид треба најтранспарентно да добијат на увид кои се објекти се предмет на обештетување од земјотресите. Граѓаните на Охрид заслужуваат да ги дознаат одговорите на сите овие прашања.
СДСМ се однесува како општините да се нивни приватни фирми.
Затоа на ваквиот криминал брзо ќе му дојде крајот, уште на следните избори за градоначалник во Охрид.
Граѓаните овој пат во Охрид ќе победат, а СДСМ ќе биде поразен заради сите вакви индиции и криминали кои што ги реализираа!