Во два одделни случаи стружани заработија кривични пријави поради „бесправно градење“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.А.(66) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на инвеститор, во текот на 2021 година во Струга, без одобрение за градба од надлежни институции, изградил деловен објект и помошни простории со површина на градба од 99 метри квадратни.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.В.(63) од с.Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на инвеститор на земјиште во негова сопственост лоцирано во Струга, во текот на октомври минатата година изградил делови од објект за домување, спротивно на основниот проект и дозволата за градење добиена од надлежни институции.