23/11/2024
Македонија

Во првите шест месеци годинава вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма

Оваа година човештвото се соочи со глобалниот предизвик, пандемијата предизвикана од коронавирусот. Со цел да се сочува здравјето беа превземени низа мерки и правила, кои едноставно се ограничи времето и просторот на сите нас. Но тоа не беше проблем за нашите крводарители, нашите херои кои и во вакви услови го организиираа нивното време се цел да ги покажат нивната хуманост и алтруизам. Секојднево ги посетуваа просториите каде се даруваше крв, тромбоцити и конвалесцентна плазма.

Во насока на олеснување на пристапот ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина заедно со Црвен Крст на Република Северна Македонија се реорганизираа во однос на крводарувањето во земјата, со цел да се запазат највисоките мерки за заштита на карводарителите и здравствениот персонал, а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини на крвни продукти.

Институтот е во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти, а исто така постојано ја следи епидемиолошката состојба во земјата за безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.

Во изминатите шест месеци успешно се надмина состојбата, односно се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да чуствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Тоа не беше случај скоро со сите земји околу нас и подалеку кои јавно се произнесеа за видниот недостаток на крвни продукти.

Во првите шест месеци од ова година вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма. Благодарност до сите крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конавелесцентна плазма, тие се херои на денешно време. Институт за трансфузиона медицина порачуваат: Дарувај, биди хуман, биди херој!