23/11/2024
Македонија

Генералниот секретар на УНКТАД официјално ја промовираше министерката за финансии, Ангеловска за амбасадорка на дигитална трговија

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, во рамки на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), синоќа во Њујорк беше промовирана како една од првите „Жени амбасадори на дигитална трговија“ во светот. Ова исклучително и уникатно признание ѝ го врачи Мукиза Китуи, Генерален Секретар на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој.

Покрај Ангеловска, уште шест жени претприемачи од целиот свет ја добија оваа титула од УНКТАД.