26/11/2024
Струга

Две лица од Тетово непостапувале според здравствените прописи за време на епидемија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(29) и А.Џ.(28), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 11.06.2021 во 01.10 часот, на регионален пат во Струга, од полициски службеници биле затекнати пријавените како се движат со патничко возило и при извршена контрола било констатирано дека не поседувале дозвола за движење, во време на изречена забрана за движење, односно не ги почитувале мерките за заштита од ковид- 19.