22/11/2024
Македонија

Делегација на Владата на Република Македонија, Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана оддадоа почит и положија свежо цвеќе на спомен обележјата кај Карпалак

Владина делегација предводена од Националниот координатор во Владата на Република Македонија за здруженијата на бранители, Стојанче Ангелов и надворешниот соработник за одбрана, Драган Василевски, со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и во комплексот „Карпалак“ во Прилеп оддаде почит и учествуваше на одбележувањето на 17 години од загинувањето на припадниците на резервниот состав на АРМ во 2001 година.

Кај месноста Карпалак и пред комплексот во центарот на Прилеп венци свежо цвеќе положи заедничка делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија предводена од државниот секретар, Драган Николиќ и директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Милески.