Делегација на Владата положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 148 години од неговото раѓање
Владина делегација предводена од министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 148 години од неговото раѓање.
Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, како една од најмаркантните фигури во борбата и заложбите за македонска државност и за слободна земја, интегрирана во напредната заедница на народите.
Гоце Делчев е роден на денешен ден во 1872 година во Кукуш.