Денеска потврдени 7 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 47 пациенти, почина 1 лице
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје 9, Куманово 9, Прилеп 8, Тетово 13, Охрид 1, Гостивар 5, Кочани 1 и Крива Паланка 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.
Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 1, Прилеп 1, Тетово 4 и Кратово 1.
Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 512
- Куманово 401
- Дебар 51
- Штип 34
- Прилеп 159
- Тетово 90
- Струга 67
- Велес 77
- Битола 19
- Охрид 15
- Кавадарци 5
- Гостивар 17
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 5
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 31
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 2
- Делчево 1
- Валандово 1
- Виница 2
- Кратово 1
Направените 113 теста се преку: ИЈЗ – 108, Ветеринарен факултет – 0, Авицена – 0, Биотек – 0, Филип Втори (Жан Митрев) – 0, Систина со PCR метода – 0 и МАНУ – 5. Досега во земјата се направени вкупно 17359 тестирања на КОВИД-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на КОВИД-19.