Денеска се потврдени 23 нови случаи на ковид 19, оздравени 9 пациенти, почина 1 лице
Денеска се потврдени 23 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 1921, оздравени 9 пациенти, почина 1 лице.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти во: Скопје-3, Прилеп-1, Струга-1, Велес-3 и Кочани -1.
Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден позитивен денеска.
Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-4, Прилеп-2, Тетово-4, Неготино-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 685, активни 178
• Куманово – 423, активни 27
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-38, активни 3
• Прилеп –206, активни 56
• Тетово – 165, активни 76
• Струга – 71, активни 4
• Велес – 127, активни 49
• Битола –28, активни 9
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1
Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –408, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –38, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода – 28 и МАНУ -127. Досега во земјата се направени вкупно 24018 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.