Денеска се потврдени 25 нови случаи на КОВИД-19 , оздравени се 8 пациенти, починаа 3 лица
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје 7 и Прилеп 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 16, Тетово 4, Струга 1, Велес 2 и Охрид 2.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.
Последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 628, активни 152
- Куманово 416, активни 31
- Дебар 51, активни 0
- Штип 36, активни 2
- Прилеп 200, активни 63
- Тетово 147, активни 79
- Струга 70, активни 4
- Велес 121, активни 50
- Битола 27, активни 8
- Охрид 21, активни 6
- Кавадарци 5, активни 0
- Гостивар 19, активни 2
- Гевгелија 4, активни 0
- Струмица 2, активни 0
- Крива Паланка 6, активни 2
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 31, активни 4
- Пробиштип 2, активни 0
- Кичево 2, активни 0
- Неготино 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 1
- Делчево 1, активни 0
- Валандово 1, активни 1
- Виница 2, активни 0
- Кратово 2, активни 1
- Берово 1, активни 1
Направените 286 теста се преку: ИЈЗ 165, Ветеринарен факултет 0, Авицена 0, Биотек 0, Филип Втори (Жан Митрев) 3, Систина со PCR метода 18 и МАНУ 100. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на КОВИД-19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.