18/10/2024
Струга

Жителка од Октиси заработи кривична поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.И.(33) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 02.09.2021, полициски службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.